Работни активности во  новиот пазар во Битола

Реконструкција и адаптација на зелениот пазар во Битола.

Центарот за развој на Пелагониски плански регион одржа прес конференција по повод започнувањето на реализацијата на Проектот: Реконструкција и адаптација на делови од регионалниот зелен пазар во Битола. Фаза 1 – Изградба на плато и канализација и Фаза 2 – Изградба на 6 павиљони, покривање на простор и електрика.
Носител на проектот е Центарот за развој на Пелагониски плански регион во партнерство со ЈП Пазари Битола. Вкупната вредност на проектот изнесува 6.138. 237 мкд со ддв а кофинансирање од ЈП Пазари се 1.511. 844 мкд.
Проектот финансиски е поддржан од Програмата за регионален развој на Министервто за локална самоуправа преку Биро за регионален развој на РМ.

Поконкретно следните активности ќе бидат реализирани:
Изградба на 6 Павиљони за продажба на овошје и зеленчук, изработка на метална конструкција со челични профили, набавка и монтажа на кровна покривка од термоизолационен панелен лим, изработка и монтажа на опшивки од пластифициран и челичен поцинкован лим, изработка и монтажа на олуци и изработка и монтажа на снегобрани. Покривање на простор помеѓу павиљони со изработка на метална подконструкција на просторот помеѓу павиљоните и покривање на просторот со лексан. Изградба на плато на површина од 770м² со бетонски противклизни плочки, набавка и монтирање на бехатон плочки на површина од 280м², изградба на нова канализација Изработка на нова електрична инсталација со комплет опрема и светлосни тела.
Проектот придонесува кон унапредување на економскиот развој во Пелагонискиот регион преку модернизација и подобрување на инфраструктурата во регионалниот зелен пазар во Битола, што ќе придонесе за зголемување на економската активност на пазарот односно поголема френкфенција и промет на стоки и услуги на регионалниот зелен пазар во Битола.
Од реализацијата на проектот директен бенефит ќе имаат граѓаните на четири општини: Битола, Новаци, Могила и Демир Хисар, со што во Пелагонискиот регион ќе се направи значителен позитивен исчекор кон реализација на регионални инфраструктурни проекти преку директна соработка на повеќе општини.

Реконструкцијата на централниот пазар

       Започна реконструкцијата на два реони во централниот пазар во Битола со површина со 1000 м2. Пазарот во Битола ќе добие нов лик со поставување на 6 павилјони. Реконструкцијата е во соработка со Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

 

Нов изглед на реонски пазар во нова Битола

Активности во сточниот пазар во Битола

JП “Пазари” – Битола реазлизира повеќе зафати во сточниот пазар. Внатрешното уредување на просторот, обележување и оградување на сточниот пазар доведе до значително зголемување на фреквенцијата на граѓани. Клиенти на сточниот пазар секој вторник се граѓани на Пелагонија но и од поширокиот регион на западна Макеоднија.
Сточен пазар

Реконструкција на градски пазар Битола

     ЈП “Пазари”-Битола во Август 2015 година ќе започне со реконструкција на дел од централниот маас пазар, односно на реон 4. Ќе се изврши реконструкција на партерното уредување.
     Со инвстицијата вредна 1 250 000 денари предвидено е да се направи партерно уредување на дел од битолскиот пазар на површина од 800 м 2 со што ќе се подобрат условите на пазарџиите, а ќе се подобрат и услугите. Исто така ќе се изврши реконструкција на тоалетите. Интервенции ќе има и во Горниот пазар, каде ќе се изврши препокривање на тезгите во отворениот дел, со што ќе се подобри и функционирањетo и изгледот на пазарот.
   Во битолскиот пазар предвидена е интервенција на површина од 800 м2 со што ќе се изврши поврзување на дуќаните со централниот павиљон. Инвестицијата вредна 1 000 000 ден ќе овозможи поголема функционалност во пазарот, а ќе го подобри и целокупниот изглед на пазарот.
    Согласно законската регулатива во наредниот период ќе се изврши реконструкција и на тоалетите, каде што до сега не можеше да се интервенира затоа што просторот беше даден под закуп. ЈП “Пазари” -Битола работи на наоѓање на соодветни решенија за изградба на уште еден јавен тоалет.
   Со инвестиција вредна 250 000 денари ќе се изврши покривање на отворениот дел на Горниот пазар со што ќе се избегне самоволното покривање на тезгите од страна на продавачите.
Предвидените инвестиции ЈП “Пазари” – Битола ќе ги реализира од сопствениот буџет.

 

FACEBOOK